Спорт

Македонски репрезентативец направи трансфер во Индонезија

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски има нов клуб во својата кариера. Напаѓачот и официјално е претставен како нов фудбалер на индонезискиот Бајангкара, со што за првпат ќе настапува во азискиот фудбал.

Ристовски во Индонезија пристигнува од редовите на чешки Бохемианс, каде што настапуваше во изминатата сезона, а трансферот претставува нов предизвик во неговата интернационална кариера.

Пред преселбата во Чешка, македонскиот напаѓач настапуваше за Работнички, како и за Ријека во Хрватска, словачките Нитра и Спартак Трнава, додека дел од кариерата мина и во словенечки Кршко.

Во дресот на македонската репрезентација Ристовски досега има запишано 40 настапи, а сега ќе се обиде со добри игри во Индонезија да остане во конкуренција за националниот тим и во претстојните квалификациски предизвици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons