Македонските сноубордери со одлични пласмани во Грција
На сноуборд натпреварите кои се одржаа во спортскиот центар Сели, соседна Грција, македонските претставници приредија вистински спектакл на снежните патеки, освојувајќи врвни позиции и докажувајќи дека македонскиот сноубординг е во подем.
На првиот натпреварувачки ден, Александар Кацарски забележа успешен настап, освојувајќи првото место на првата трка и третото место на втората трка.
Во категорија жени, Ева Џагора ја покажа својата подготвеност, позиционирајќи се на првото место првата трка и второ во втората, а Миа Џагора беше блиску до подиумот со четврто место на првата, но за жал, не ја заврши втората трка.
Додека пак, вториот ден, од жените најдобра беше Миа Џагора и го освои првото место, а Ева Џагора заврши на третата позиција.
Александар Кацарски, во силна конкуренција се пласираше на петтото место. Димитар Кацарски доминираше во категоријата У-16, триумфирајќи на првото место на трите трки.