Македонскиот Црвен крст организира помош за настраданите во земјотресот во Турција
Црвениот крст на Македонија денеска изрази длабоко жалење и искрено сочувство до народот во Турција и Сирија за жртвите од страотниот земјотрес. Како што соопштија оттаму, Црвениот крст е во комуникација со Турската Црвена полумесечина и Сириска Арапска Црвена полумесечина, на кои веднаш им е понудена првична помош.
Од Црвениот крст апелираат сите заинтересирани фирми и граѓани кои можат да помогнат да донираат парична помош на: Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.
Исто така може да се донираат и 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
За донации на пари во странска валута тоа може да се направи на следниот начин:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228