Спорт

Македонскиот тенисер Вукичевиќ стигна до финалето на турнирот во Солун

Младиот македонски тенисер Горјан Вукичевиќ стигна до финалето на турнирот (категорија 3) во Солун, Грција, за тенисери до 16 години.

Вукичевиќ во финалето загуби од грчкиот тенисер Рафаел Антонис Јакопулос со 2:0 во сетови 6:1, 6:4.

Претходно во четвртфиналето нашиот натпреварувач го совлада првиот носител на турнирот Александрос Авгерис од Грција (4:6, 6:3, 6:4), а потоа во полуфиналето го надигра и третиот носител Кристијан Стефанов од Бугарија двапати со 6:1.

Македонскиот тенисер во првата рунда беше слободен, а во првиот меч на турнирот го победи Јорданис Хаџиниколау од Грција (6:0, 6:4), а во третата рунда беше подобар од Хусеин Туна Чавуш (Турција) со 4:6, 6:3, 6:1.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons