Спорт

Македонија со победа над Малта го стартуваше Дејвис купот 

Македонската тениска репрезентација со триумф против Малта тргна во Дејвис купот од Тетата европска група кој се игра во Скопје.

Првиот поен за Македонија го донесе Берк Бугариќ, кој по 1 час и 50 минути го совлада Лиам Деликата со 2-0 во сетови (76(2) 62).
Бугариќ добро стартуваше во мечот и поведе со 2:0 во гемови, но потоа следуваше пад во играта и противникот направи пресврт за водство од 3:2. Во следните три гема повторно имаше брејк ба двете страни и резултатот беше 4:4 во гемови. До крајот на сетот немаше брејк и по 6:6 првиот сет се решаваше во тај брејк. Бугариќ направи серија од пет поени за водство од 5-0 и таа предност ја зачува до крајот. и гемот го доби со 7:2.

Во вториот сет Деликата поведе со 1:0, но набрзо Берк со серија од четири гема направи комплетен пресврт за водство од 4:1 и сетот го доби со 6:2 и со тоа донесе водство.

Во вториот сингл меч Стефан Мицов донесе втор поен за нашиот национален тим и со тоа победа во првото коло за Македонија. Мицов по 2 часа и 30 минути игра го совлада Алекс Де Габриеле со 2-1 во сетови (46 60 76(3)).
Во првиот сет се водеше голема борба и по 3:2 во гемови во шестиот гем беа одиграни 20 поени, а Мицов не реализираше две брејк топки. Потоа во следниот гем на сервис на ривалот не искористи три брејк топки и во деветтиот гем Де Габриеле успеа да направи брејк и со тоа да поведе со 5:4 и сетот го заврши со 6:4. Во вториот сет Мицов имаше целосна контрола. Во овој сет при обид да врати една топка Де Габриеле се повреди и откако му беше укажана лекарска помош го продолжи мечот, но тешко се движеше. Мицов сетот го заврши без загубен гем со 6:0.

Во решвачкиот сет Де Габриеле се врати и во третиот гем направи брејк за водство од 2:1, но Мицов во следниот гем имаше ри-брејк за 2:2. До крајот на сетот немаше брејкови и мечот беше решен во тај брејк. Мицов одигра одлично и го доби со 7:3 на поени.

Македонија ја победи Малта, а во мечот во двојки кој веќе и нема резултатско значење ќе играат: Берк Бугариќ и Амар Хусеиновиќ кај Македонија, додека кај Малта на местото на Де Габриеле ќе настапи Стархиња Ѓукиќ со Лиам Деликата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons