Македонија се соочува со недостаток на свежо свинско месо 

Десеткуван свинскиот фонд во источниот регион, а државата се соочува со недостиг на свежо свинско месо, па затоа и цената е малку повисока. Африканската свинска чума ги остави празни поголемиот дел од капацитетите, а лани во една од најголемите фарми беа уништени околу 9000 свињи.

– Најмногу „удри“ на потегот од Штип до бугарска граница, Берово, Делчево, па надолу, Облешево, Кочани, Чешиново, па и кај нас, Штип и Карбинци. Овде се наоѓа и најголемата фарма, која задоволуваше 20 отсто од потребите на свинско месо во цела држава и затоа сега имаме недостог на свежо свинско месо, изјави Гоце Сарафимов, претседател на Асоцијацијата на земјоделци.

Забраната за увоз на свинско месо во Албанија, за нашата земја и произведители на месо не  претставува проблем, бидејќи таму и ретко кога сме имало извоз.

– Не извезуваме скоро никаде. Во Србија имавме пред неколку години, а сега во моментот не извезуваме никаде зашто едвај ги задоволуваме нашите месари- додаде Серафимов

По завршување на забраната за свињогојство, фармерите ги прилагодуваат фармите за да ги обебзедат потребните безбедносни протоколи, но процесот е тежок и бавен.

– Сега преземаме некои мерки, ги чистиме фармите за да ги обновиме, меѓутоа треба време за тоа, вели Серафимов

Оние кои одгледуваа свињи за сопствени потреби, повеќе не смеат да го прават тоа.

– Немаат право да чуваат по едно, две, а ако чуваат тогаш тоа го прават „на диво“ – изјави Серафимов

Фармерите се согласни дека проблемот со африканската свинска чума мора се надмине, за што им е потребна помош од државата, да донесе мерки и решенија за обнова на свинскиот фонд, бидејќи во скора иднина ќе биде увозно зависни и од свежо свинско месо.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons