Македонија пак ја сопна Италија – голем бод со европскиот првак!
Најискусната фудбалска репрезентација на Македонијаодигра нерешени 1-1 (0-0) против големиот фаворит Италија, во натпревар од квалификациите за Европското првенство. Дуелот на Националната арена „Тодор Проески“ понуди солидна игра на нашиот национален состав. „Рисовите“ одиграа во најмала рака рамноправно на европскиот првак, а водечкиот гол на Имобиле го анулира капитенот Енис Барди со мајсторски гол од слободен удар.
Селекторот Благоја Милевски имаше потешкотии во избирањето на стартните единсесет, што поради играчи без клубови, што поради слаба минутажа. Аријан Адемикој доцна се приклучи на репрезентативниот камп остана на клупата, а на средината заиграа Атанасов и Елези со Барди. Меѓу стативите беше најстандардниот Столе Димитриевски, во одбраната со тројца покрај Муслиу и Зајков шанса доби Манев. На страничните позиции делуваа Алиоски и Ашковски, додека друштво во нападот на Миовски му правеше Ељиф Елмас.