Македонија напредуваше на најновата ФИФА ранг листа
Македонија скокна за едно место на денешната најнова објавена ФИФА ранг листа и моментно е на 65 место со 1362 поени.
Нашата најдобра фудбалска репрезентација во последните два натпревари од квалификациите за ЕП 2024 во месец ноември загуби од Италија со 5:2, а ремизираше 1:1 против Англија.
На врвот е актуелниот светски шампион Аргентина (1855 поени), пред Франција (1845) и Англија (1800).
Редоследно од четвртото до 10 место се наоѓаат Белгија, Бразил, Холандија, Португалија, Шпанија, Италија и Хрватска.
Следниот ФИФА ранкинг ќе биде објавен на 21 декември 2023 година.