Македонија има 6,8 тони резерви на злато, Србија има најмногу во регионот – 38,5 тони 

Македонските резерви на злато изнесуваат 6,8 тони. Словенија има 3,7 тони, Албанија три тони, Босна и Херцеговина има 2,7 тони, Хрватска 2 тона, Црна Гора 1,1 тон. Убедливо на прво место според резервите на злато во регионот е Србија – 38,5 тони, покажуваат податоците на Светскиот борд за злато.

САД имаат најголеми резерви на злато во светот со 8.133 тони. Втора е Германија со 3.355 тони, а трета и четврта се Италија и Франција со нешто помалку од 2.500 тони. Русија е петта со 2.298 тони, а Кина е шеста со 2.010 тони. Интересно е што некои богати земји, како Канада и Норвешка, воопшто немаат злато во девизните резерви. Најголем нето продавач минатата година беше централната банка на Казахстан, која продаде 50,7 тони злато. Кина со години е еден од најголемите купувачи на злато. Минатата година беше на второ место со 62,2 тони, а убедливо прва беше централната банка на Турција која во 2022 година купи дури 147,6 тони злато. Глобалната побарувачка за злато минатата година се зголеми за 18 отсто и изнесуваше 4.741 тон. Според податоците на Светскиот борд за злато, побарувачката на злато во 2022 година беше најголема од 1950 година, откако почнаа да се следат овие податоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons