Македонија има европски кадетски вицешампион во таеквондо
Теодор Стојановски од таеквондо клубот Бутел во категорија -49кг во Тирана, Албанија направи голема сензација на официјално кадетско европско првенство во олимписко таеквондо.
Македонскиот таеквондист имаше три доминантни победи над репрезентативци од Кипар, Украина и Британија.
Нашиот натпреварувач во првото коло го совлада Хараламбос Хаџимаврос со победа 2:0 во рунди, потоа во второто коло славеше против Јарослав Вечирко Украина (2:0) и во полуфиналната фаза над Шон Џита Британија (2:0).