Спорт

Македонија ги дозна противниците за следната Лига на нации

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја одржа ждрепката за групите во Лигата на нациите, а дел од неа беше и Македонија.

Нашата селекција ќе игра премиерно во Лигата Б, откако заврши на првото место во групата од последното издание. Македонија пред извлекувањето беше во последниот четврти шешир и јасно беше дека ќе добие респектабилни противници.

На ждрепката Македонија беше извлечена во групата Б1 од Б-сегментот на натпреварувањето, а ривали ќе ѝ бидат: Шкотска, Швајцарија и Словенија.

  • Сите четири групи во Лига Б:

Првите натпревари од Лигата на нациите се на крајот од септември, кога набрзина ќе се одиграат четири рунди од натпреварувањето. Завршницата на групите е во ноември, а плеј-оф дуелите во март следната година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons