Македонец го дал „БМВ“-то на заем, двапати му го препродале и го растуриле за делови
Сопственик на автомобил „БМВ“ од Тетово му ја позајмил колата на познаник, тој му го продал на механичар, а механичарот – на четврти човек, кој имал авто-отпад, соопшти полицијата.
„На 29.03.2026 во 12:00 часот во СВР Тетово, 35-годишник од Тетово пријави дека бил измамен од негов познаник А.Х.. Според пријавеното, тој побарал да му го позајми неговото возило „бмв”, а откако го зел го известил дека има дефект и го оставил кај механичар. Како што е пријавено, по неколкудневни обиди да стапи во контакт и да го добие возилото назад, на 28.03.2026 се соочил со механичарот кој признал дека возилото го однел на отпад во с.Слатино. Исто така, според пријавеното, тој го пронашол возилото оштетено во отпадот и сопственикот му кажал дека го купил од механичарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.



