Спорт

„Македонецот“ од Олимпија Милано вторпат во низа е МВП во Евролигата

Македонскиот репрезентативец Мозес Рајт продолжи да доминира во Евролигата и по вторпат во низа се закити со признанието за најкорисен кошаркар на колото.

Центарот на Олимпија Милано беше избран за МВП на 14. рунда, благодарение на одличното издание во победата над Асвел со 95-91.

Американецот го предводеше својот тим со 29 поени и осум скока, а за 31 минута на теренот промаши само пет од вкупно 18 шута од поле. Со таквиот учинок собра 35 индексни поени и го заслужи признанието, откако беше најкорисен и во претходното коло.

Најблиску до него беше Кори Џозеф од Олимпијакос со 31 индексен поен, остварен во убедливиот триумф над Хапоел (104-79). Шевон Шилдс од Фенербахче и Лони Вокер од Бешикташ го поделија следното место со по 28 индексни поени.

Инаку, Рајт е веќе во Скопје и попладнево ќе игра за Македонија во претквалификацискиот меч за Евробаскетот во 2029 година против Кипар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons