МакедонијаХроника

ЛИЦЕТО МУ БИЛО ОБЛЕАНО СО КРВ, КУРШУМ ВЛЕГОЛ НИЗ ШОФЕРШАЈБНАТА Безживотно тело на тетовчанец пронајдено кај Нераште

Внатре во возилото е забележано машко лице кое не давало знаци на живот. На возачкото стакло имало отвор од испукан проектил и лицето било облеано со крв во пределот на главата, со првично сомневање дека е застрелано со огнено оружје, соопшти СВР Тетово за безживотното тело на маж пронајдено во „ауди“ крај патот близу Нераште.

Безживотното тело на 42-годишен маж од Тетово било најдено попладнево во возило „Ауди Q5“ со тетовски регистерски таблици, паркирано во атарот на селото Нераште. На стаклото од возилото имало дупка од куршум, а на телото видливи траги од крв во пределот на главата, јави СВР Тетово.

Сопругата на починатиот, Б.Б. (33), случајот го пријавила во два часот по полноќ, откако нејзиниот сопруг А.Б. (42) не се вратил дома и не одговарал на телефонските повици. Таа посочила дека тој заминал вчера околу 18 часот со возилото, а оттогаш немала никаква комуникација со него.

Полициски службеници од Полициското одделение во Теарце при рутинска контрола го забележале автомобилот околу 16.15 часот, во поле покрај локалниот пат.

„Внатре во возилото е забележано машко лице кое не давало знаци на живот. На возачкото стакло имало отвор од испукан проектил и лицето било облеано со крв во пределот на главата, со првично сомневање дека е застрелано со огнено оружје“, соопшти СВР Тетово.

На местото на настанот излегол лекар од Итна медицинска помош, кој констатирал смрт. По увидот извршен од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово, потврдено е дека починатиот е А.Б. од Тетово.

Се чекаат резултатите од увидот и вештачењето на оружјето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons