Спорт

Леклер може да се збогува со битката за победа во Канада, возачот на Ферари доби казна од 10 места 

Шарл Леклер тешко дека ќе може да се бори за највисок пласман на ГН на Канада, воазчот на Ферари доби казна од 10 места поради тоа што мораше да биде променет елекронскиот систем на погонската единица.

Шарл Леклер во Баку доживеа голем пех, му откажа моторот додека беше на чело на колоната и остана без бодови. Возачот на Ферари од тој инцидент последици ќе има и овој викенд, и тешко дека ќе може да се бори за највисок пласман на ГН на Канада.

Ферари реши да го промени електронскиот систем на погонската единица, па Шарл Леклер утре ќе назадува 10 места на гридот.

Ваквиот развој на настаните ќе значи добра прилика за Макс Верстапен и Ред Бул дополнително да се зацврстат на врвот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons