Македонија

Лекар од Тетово ги злоупотребил податоците на пациентите

Лекар од Тетово ги злоупотребил податоците на пациентите за финансиска корист.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „злоупотреба на лични податоци“, „фалсификување исправа“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“, против А.Н.М.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“, „поднесување лажни докази“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“ и против А.Љ.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“.

Првопријавениот, лекар и раководител на Одделението за Трауматологија – Хирургија во Клинички центар Тетово, без согласност и знаење ги искористил личните податоци на шест пациенти и креирал медицински извештаи на име на лекари вработени во клиничкиот центар без одобрување и злоупотребувајќи ги нивните факсимили и системот мој термин, како и преку координирање и издавање на медицински извештаи со невистинита содржина.

Ваквите извештаи, во посредство на третопријавениот А.Љ. биле доставени до второпријавената А.Н.М., која во својство на адвокат противправно изготвила полномошна на пациентите на кои тие не се потпишале и заедно со друга документација ги доставила до осигурителна компанија, врз основа на што на име обештетување на нематеријална оштета биле исплатени парични средства на жиро сметките на лицата во износ од 297.000 денари. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons