Спорт

Легендарниот мексикански голман Гиљермо Очоа се пензионира

Легендарниот мексикански голман Гиљермо Очоа официјално стави крај на својата богата професионална кариера.

Четириесет и едногодишниот чувар на мрежата ја соопшти одлуката преку емотивно видео, упатено до своето семејство и до навивачите.

Очоа четврти пат настапи на Мундијал, но беше повикан во репрезентацијата на Мексико на дури шест светски шампионати.

Со тоа се приклучи на ексклузивното друштво заедно со Кристијано Роналдо и Лионел Меси како единствени фудбалери кои биле дел од шест мундијалски селекции.

„Еден дрес секогаш беше поразличен. Тој претставуваше цела една нација“, вели Очоа во видеото.

„Секојпат кога го облекував дресот на Мексико, во моите раце беше сонот на милиони Мексиканци. На оние кои не можеа да бидат на стадион, но натпреварот го следеа пред телевизорот со своето семејство.

На навивачите кои го изгубија гласот пеејќи ја ‘Cielito Lindo’. И на оние кои тивко се молеа пред секој пенал.

Не можам да ја разберам мојата репрезентативна кариера без да сфатам колку голема беше таа одговорност” изјави Очоа.

Со репрезентацијата освои шест титули во Голд купот на КОНКАКАФ, а беше дел и од селекцијата што ја освои Лигата на нации на КОНКАКАФ во сезоната 2024/25.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons