Лебот поскапува за 5 денари?
Следи ли нов бран поскапување на храната по најавата за поскапување на струјата?
Стопанството со месеци се жали на скапи енергенси и суровини и алармира за спас од кризата да се активираат стоковите резерви. До сега тоа не се случи. Дел од граѓаните се разочарани, велат дека и сега е прескапо, со 10000 денари пензија и онака се на работ на егзистенција. А ако се се поскапи лебот, ќе јадат леб помалку.
Пследните информации на Канал 5 се дека од утре дел од производителите на леб ќе ги зголемат цените за 5 денари. Стопанствениците не сакаат да зборуваат пред камера, но алрмираат за сериозноста на состојбата.
Информациите од стопанството се дека суровините секојдневно поскапуваат на светските берзи, а со тоа растат и трошоците за производство на компаниите. Дополнителен терет е и поскапената струјата која што неизбежно ќе повлече зголемување на финалната цена на производите.
За ублажување на ценовниот шок, државата до крај на годинава ги укина сите оператовини трошоци на фирмите, а ги замрззна маржите на 5 и 10 % за основн