Лани од насилна смрт починале 486 лица во Македонија

Бројот на умрените лица од насилна смрт лани е намален за 28.2 % во однос на претходната година и изнесува 486. Умрените од насилна смрт учествуваат во вкупниот морталитет со 2.2 %. Во структурата  на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во 2022 година поголемо учество имаат машките лица, и тоа  72.8 %, соопшти Државниот завод за статистика. 

Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи со 78.6 %, самоубиствата со 20.2 % и убиствата со 1.2 %.

Во категоријата несреќни случаи, најголемо учество имаат умрените лица од други надворешни причини за случајна повреда со учество од 55.1 % во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.

Кај категоријата самоубиства, најголемо учество имаат случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација, со учество од 12.3 % во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.

Во категоријата убиства, случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда на неозначен начин учествуваат со 0.8 % во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons