Лазаров: Момците беа одлични, го спроведовме она што го работевме на подготовките 

Македонската ракометна репрезентација издвојува победа над Црна Гора на пријателската средба која се одигра во Стара Пазова.

Ова за нашиот националец состав беше прва контрола во овој подготвителен период, меч кој се играше во поинаков формат со оглед на тоа што имаше три полувремиња.

Во овој формат подобро се снајдоа македонските ракометари кои на крајот триумфираа со резултат 54-51. По оние основни 60 минути резултатот беше 39:37 (22:17), додека дополнителните 30 минути ги решивме со 15-14.

-Одлична проверка за нашиот национален тим со сериозен противник кој располага со одлични играчи кои играат во одлични клубови. Резултатот на мечот воопшто не беше важен, идејата беше да го спроведеме сето она што го работевме на подготовките.Момците денеска беа одлични, особено во борбеноста и нивната желба со која влегоа на овој пријателски натпревар. Играчите ќе добијат заслужен одморот. Со работа продолжуваме на 2. јануари,-истакна селекторот Кире Лазаров по оваа пресметка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons