Куман се враќа на позицијата селектор на Холандија 

Роналд Куман се враќа на кормилото на холандската репрезентација, тој ќе ја преземе селекторската функција од Луи ван Гал по крајот на Светското првенство во Катар. 

Роналд Куман со успех ја водеше холандската репрезентација кога на неговата врата тропна Барселона, тогаш тој реши да замине на Камп Ноу, но таму не се прослави. Сепак, Куман добива шанса повторно да биде селектор на Холандија. Холандската фудбалска федерација потврди дека тој од 2023 година се враќа на функцијата. Сега националниот тим го предводи Луи ван Гал кој неодамна соопшти дека се бори со рак на простата. Тој ќе остане селектор и на Мундијалот, а потоа ќе ја напушти позицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons