Кочанчанец возел со 5,31 промил алкохол во крвта – Го сруши рекордот во Македонија
Кочанчанец го сруши рекордот за најпијан возач во Македонија по количина на алкохвокрвта, кој е фатен од полицијата.
Имено, при проверка сообраќајната полиција утврдила дека тој го возел своето возило со цели 5,31 промили алкохол, иако законот дозволува само 0,5.
Согласно одредбите во законот, овој возач е исклучен од сообраќај и одземена му е возачката.
Претходниот рекорд го држеше прилепчанец кај кого во август годинава полицијата измери 5,01 промили алкохол во крвта.