Комисијата за избори и именувања ја утврди листата на членови за новиот состав на ДКСК 

Откако беше утврдена од страна на Комисијата за селекција, ранг-листата на кандидати за претседател и членови на идниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), денеска без изменување беше усвоена на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

За нова претседателка на ДКСК е предложена Татјана Димитровска, вработена во Државниот завод за ревизија (ДЗР). Таа беше прворангирана на листата, а од членовите на Комисијата за селекција доби 76 бода.

За членови на комисијата, пак, предложени се судијката Софија Спасова-Медарска, со освоени 75,86 бода, двајцата досегашни советници во ДКСК, Билјана Каракашова-Шулев со 74,28 бода и Бесник Џемаиљи со 74,14 бода, ревизорите Зоран Богоевски со 73,57, Цвета Ристовска со 70,57 и Демири Сервет со освоени 67,28 бода.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons