Магазин

Кои датуми ќе бидат најсреќни, а кои најнесреќни за секој хороскопски знак во 2025-та? 

Што ќе ви донесе новата 2025-та година? Дали повеќе ќе ве следи среќа или, пак, годината нема да ви биде многу убава?

Астролозите тврдат дека знаат кои датуми ќе бидат најсреќни, а во кои денови хороскопските знаци ќе имаат најмалку среќа.

Прочитајте кои датуми ќе бидат важни за вашиот знак:

Овен

Среќни денови: 25 март, 17 мај, 14 јуни, 10 септември и 22 ноемвриРеклама

Несреќни денови: 1 април, 7 јули, 13 октомври и 4 декември

Искористете ги поволните влијанија на ѕвездите во март и мај, па направете некој храбар потег кој не сте се осмелувале да го направите претходно.

Почнете свој бизнис, земете кредит за да си купите свој дом, впуштете се во нова врска по долго време.

Но, имајте предвид дека во годината ќе има и неубави денови, па во тие моменти не треба да реагирате импулсивно, затоа што на крајот вие ќе го извлечете подебелиот крај.

Обидете се енергијата да ја насочите кон позитивни мисли, да правите добри дела и да ви се враќа со добрина.

Бик

Среќни денови: 14 април, 23 јуни, 9 август, 17 октомври и 3 ноември

Несреќни денови: 2 мај, 18 јули, 11 септември и 14 декември

Според астролозите, вие сте еден од знаците кои, генерално, ќе имаат најмногу среќа во 2025-та година.

Ако направите добра проценка и план, на 14 април и 23 јуни е можно да се збогатите. Ова се и добри денови за љубов.

Бидете особено внимателни на 2 мај и 14 декември, кога ќе бидете дури и исфрустрирани, затоа што работите кои секогаш ви одат од рака, овој пат ќе тргнат наопаку.

Но, не грижете се за ситниците – ова ќе биде година на стабилност, а вие секогаш потпирајте се на своите инстинкти.

Близнаци

Среќни денови: 17 февруари, 3 мај, 21 јули, 15 август и 30 октомври.

Несреќни денови: 2 јуни, 5 септември, 10 ноември и 9 декември

За вас 2025-та година ќе биде турбулентна, со многу подеми и падови.

Искористете ги 17 февруари и 21 јули за да добиете нешто што посакувате одамна.

Ова се поволни делови и за бизнис можности и за склучување нови пријателства.

На 2 јуни очекувајте мешани сигнали, кои може да ве наведат на погрешен пат.

Трудете се да правите баланс и да не носите избрзани одлуки, независно за која сфера од животот и да се работи.

Рак

Среќни денови: 10 март, 8 мај, 24 јули, 12 септември и 5 ноември

Несреќни денови: 28 јуни, 2 август, 3 октомври и 19 декември

Оваа година ќе ви биде во знакот на љубовта и желбата да ги заштитите најблиските.

А токму со нив ќе се чувствувате најповрзани на 10 март и 24 јули, кога може да очекувате и големи промени во приватниот живот.

Сепак, бидете внимателни на 28 јуни, кога се можни љубовни проблеми.

Подеднакво внимателни треба да бидете и на 12 септември, но овој пат, промените кон полошо ќе бидат на деловен план.

Лав

Среќни денови: 22 февруари, 15 мај, 7 август, 9 септември и 10 декември

Несреќни денови: 13 јули, 5 октомври, 8 ноември и 15 декември

2025-та ќе ви донесе многу убави моменти, но 22 февруари и 7 август се деновите кога вистински ќе блеснете.

Ова се денови кога може да донесете некои храбри одлуки или да се потрудите да си остварите некој сон.

На 13 јули внимавајте – некој може да ви го повреди егото, па вашиот однос да заврши лошо.

Уште еден важен, а неубав датум е 5 октомври, кога може да ви пропадне некој долгорочен план.

Девица

Среќни денови: 5 март, 18 јуни, 25 септември, 12 октомври

Несреќни денови: 6 август, 17 октомври, 2 декември и 22 декември

За Девиците ова ќе биде година за растење, а од секое искуство (добро или лошо), ќе научите нешто ново.

На 5 март и 25 септември ќе се случат работи кои ќе ви помогнат да направите баланс во животот и ќе ве насочат повеќе кон личните односи и семејството.

Но, на 6 август бидете особено внимателни – не потпишувајте документи и не носете големи одлуки зашто најверојатно ќе се покажат погрешни.

2 и 22 декември ќе бидат, исто така, критични на деловен план, па внимавајте.

Вага

Среќни денови: 10 април, 19 јуни, 28 август, 9 октомври и 1 декември

Несреќни денови: 15 септември, 2 ноември, 7 декември и 21 декември

Оваа година ќе направите баланс во животот и ќе се фокусирате на стабилност.

10 април и 19 јуни се одлични денови да се фокусирате на љубовта и семејството и да ги подобрите нарушените односи со некои луѓе.

На 2 ноември и 7 декември е можно да започнете некој конфликт кој ќе се одрази лошо на односот со колегите.

Запомнете – дипломатијата е вашата супермоќ, па затоа потрудете се со разговор да се извлечете или да ја смирите тензичната ситуација.

Скорпија

Среќни денови: 5 февруари, 12 мај, 30 јули, 14 септември и 25 ноември

Несреќни денови: 20 март, 5 јуни, 23 септември и 8 декември

Вашиот живот е секогаш интензивен па тоа нема да се смени ни во 2025-та година.

5 февруари и 12 мај ќе бидат најсреќните денови за вас, а ќе ви донесат важна трансформација и личен раст.

20 март и 8 декември ќе ви донесат емоционални турбуленции.

Обидете се да останете смирени и да не ја влошувате ситуацијата.

Со својот шарм ќе се обидете да се извлечете од непријатните ситуации, но во овие денови тоа најверојатно нема да ви појде од рака.

Стрелец

Среќни денови: 14 март, 21 мај, 25 јуни, 19 август и 12 ноември

Несреќни денови: 25 февруари, 3 април, 12 октомври и 20 декември

Новата 2025-та ќе донесе многу авантури и возбуда за сите Стрелци.

На 14 март и 21 мај, подгответе се да преземете ризици, кои ќе ви се исплатат, а вие ќе бидете задоволни.

Но бидете внимателни околу 25 февруари и 12 октомври, зашто тогаш ништо нема да ви оди по планот.

Сепак, не се грижете дури и кога ќе наидете на пречки, зашто сите проблеми ќе ги решавате релативно брзо и лесно.

Јарец

Среќни денови: 22 јануари, 4 април, 16 јули, 8 септември и 18 декември

Несреќни денови: 7 февруари, 5 мај, 10 август и 3 ноември

За вас 2025-та година ќе биде во знакот на личниот раст и развој, па скоро сè ќе ви оди од рака.

22 јануари и 4 април се одлични денови за да напредувате во кариерата или да донесете важна, а добра финансиска одлука.

Но, избегнувајте да носите важни одлуки на 7 февруари и 10 август, зашто на овие денови е можно да направите голема грешка или нешто што ќе ве уназади на деловен план.

Водолија

Среќни денови: 8 февруари, 13 мај, 9 јули, 22 октомври и 19 ноември

Несреќни денови: 25 март, 13 јуни, 6 септември и 11 декември

За Водолиите, 2025-та ќе биде година на иновации и социјално поврзување.

Ако на 8 февруари и 13 мај излезете од вашата комфорна зона, можно е да остварите нешто што го планирате одамна, но никако не ви оди од рака.

Од друга страна, на 25 март и 11 декември бидете премногу внимателни, зашто се можни големи промени во вашите планови, но на полошо.

За среќа, ќе имате многу креативна енергија во себе, па ќе најдете начин да се извлечете од негативните ситуации.

Риби

Среќни денови: 7 март, 12 април, 8 јуни, 20 септември и 18 ноември

Несреќни денови: 11 мај, 6 јули, 14 октомври и 5 декември

За вас 2025-та ќе биде година на емоционален развој и моменти во кои ќе сонувате за подобри нешта.

На 7 март и 8 јуни ќе ја покажете вашата креативност. Што и да правите во овие денови, водете се од интуицијата.

Од друга страна, 11 мај и 14 октомври се многу неповолни, зашто поради некое недоразбирање може да станете предмет на осуда.

Сепак, немате причина за загриженост, зашто и во најлошите денови, ќе има некој што ќе биде тука за вас.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons