Ковачки: На предвремени парламентарни избори, народот мора да одлучи дека никогаш повторно нема да им ја даде довербата на СДСМ
Драган Ковачки: Од договорите на Заев, еве само една од последиците:
Слободно може да се величаат имиња на фашисти (Цар Борис 3 и Ванчо Михајлов) и според нив дури и да се именуваат клубови, а не може да се регистрира клуб со име “Млади за Македонија” затоа што го содржело зборот Македонија.
За 6 години владеење, на Заев и СДСМ им успеа тоа што не им успеало на генерации окупатори и асимилатори.
Ме чуди отсуството на реакција на Претседателот Пендаровски кој одработува против својот народ и е зафатен со спинување и напаѓање на референдумот против договорот со Бугарија.
Еве јавно да го прашаме:
Пендаровски Стево, гласноговорнику на Владата, вака ли Вие ја замислувате европската интеграција на Македонија, да величате фашисти и да им забранувате на младите генерации да бидат “Млади на Македонија”?
- На предвремени парламентарни избори, народот мора да одлучи дека никогаш повторно нема да им ја даде довербата на СДСМ, а нивното владеење и урнисување на Македонија никогаш не смее да се повтори.