Ковачки до Ковачевски: Дали знаете дека во вашиот партиски штаб се договараат бегствата на затворениците од затворите?
Имам две пратенички прашања, првото прашање е упатено до министерот за внатрешни работи, станува збор за една фирма која што добила тендер за храна од министерството за внатрешни работи. И која исто така добила грант од државата за изградба на фабрика од оваа Влада. И исто така оваа фирма добива тендери во рекордни 13 милиони евра. Значи почитувана јавност во касарните односно во објектите на министерството за внатрешни работи конкретно во Ѓорче Петров во касарната имаме потполно нов објект изграден пред десетина години, а токму кога во периодот е министер за внатрешни работи Оливер Спасовски тој објект дополнително се осовременува и се набавува најсовремена кујна. Значи по сите хасап стандарди.
Истото е и со Центарот за обука во Идризово. Значи имаме нови кујни со нова најсовремена опрема за приготвување и складирање на храна. Кујни во кои досега вреден и искусен персонал подготвуваше храна за полициските службеници. Но овој пат внимавајте за првпат во независна Македонија полициските службеници сместени во овие објекти што ги спомнав ќе конзумираат храна која ќе биде набавена од приватна фирма. И тоа не било од која фирма туку од фирма која е основана токму со поддршка од Владата на ДУИ во која партиципира и Социјалдемократскиот сојуз. Значи МВР изградило нови објекти како кујнско трепезариски блокови односно набавила скапа нова опрема, но услугите за исхрана ги дало на фирма која добила грант од 1.6 милиони евра од Владата“, истакна Драган Ковачки, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за пратенички прашања.
Тој укажа дека командир на смена на затворската полиција, лице кое е претходно избркано од МВР поради корупција е блиско на Социјалдемократскиот сојуз. Без никакви безбедносни проверки повторно го Правда и го унапредуваат во командир. Во јавност излегоа снимки на истиот тој командир кој на само неколку дена на настанот објавува слика на социјалните мрежи со генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз, Миле Зечевиќ. Но, пред два дена медиумите објавија уште едно бегство од затвор, овој пат од Шутка, а институциите десет дена молчеа и не известуваа за тој настан па мораше новинарите да откријат што се случило. И повторно станува збор за лице кое наменски било преместено во полуотворен оддел за да може да избега. А, истото тоа лице може да се види на фотографии по социјалните мрежи со актуелни и поранешни политичари.
„Моето прашање до премиерот е следното, дали знаете дека во вашиот партиски штаб се договараат бегствата на затворениците од затворите“, го запраша Ковачки, Димитар Ковачевски.