МакедонијаПолитика

Ковачки до Ахмети: Ако Ковачевски чека одобрување за да отиде на тет-а-тет средба со претседателот Мицкоски, дајте му го 

Ковачевски кој што нема никаков авторитет во својата партија и во владата на ДУИ е потполно заборавен и запоставен,  истиот не може да донесе ниту една одлука самостојно. Видовме дека тоа не можеше да го направи ниту кога ја поднесуваше својата оставка, односно кога требаше да ги прашува челниците на ДУИ, односно Али Ахмети, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на средбата со жителите при денешната посета во населените места Смојмирово, Русиново во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“.

Ковачки истакна дека Ковачевски треба да се охрабри и да се одважи и да прифати тет-а-тет средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

Исто се случува и со организацијата на тет-а-тет средбата, односно средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Ковачевски треба да се охрабри и да се одважи да ја организира средбата затоа што само тоа е единствениот пат за излез од политичката криза која што ја создадоа СДС и ДУИ. Ковачевски не треба да се плаши и треба да побара одобрување од Али Ахмети, додаде тој.

Ковачки упати апел до лидерот на ДУИ Ахмети да му даде одобрение на Ковачевски за средба со Мицкоски, бидејќи како што рече мора да се најде начин Македонија да излезе од оваа политичка криза во која се наоѓа.

Апелираме до Али Ахмети да му даде одобрение на Ковачевски, да најде начин да дојде на таа средба, затоа што после неуспехот на уставните измени Македонија ќе западне во политичка криза. Македонија мора да најде начин да излезе од оваа ситуација, порача Ковачки.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons