Ковачки: Во одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев се виде неспособноста на власта

Скандалозната организација за одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев е најсилен доказ дека власта е одлепена од реалноста и дека се плаши од народот.

Ова ли се плодовите на пријателството? Хеликоптери, борни коли и барикади. Договорот за пријателство е затруено дрво, а затруените плодови еве ги гледаме денес.

Во одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев се виде неспособноста на власта на Ковачевски и Ахмети, каква ја гледаме во секој еден сегмент од државата, која е во распаѓање.

Денот кога Македонците, но и сите останати граѓани требаше да покажат обединување, помина со голема поларизираност, цензурирање, непотребно и масовно трупање на полиција и дополнителна поделеност, за која директно се одговорни Ковачевски и Пендаровски.

Владата на Ковачевски, како никогаш порано во историјата, им забрани на сопствените граѓани, во масовен број да дојдат пред неговото вечно почивалиште и е свесна дека во Македонија живеат национално освестени граѓани, кои не им подлегнуваат и не ги прифаќаат понижувањата приредени од истата таа Влада.

По наредба на Ковачевски, се продолжува со цензура, се врши дискриминација и етикетирање на новинарите, односно преку промоција на принципот подобни – неподобни, се кршат основните човекови права за движење и правото на информирање и слободен пристап до информации.

Нелегитимните властодршци бегаат од народот и го обесчестуваат и тоа малку што остана.

Почитувани граѓани,

Зарем Делчев заслужува толкаво понижување и лицемерие, од тие што се платени од Македонците?

Нема поголемо понижување за македонскиот револуционер Гоце Делчев, цвеќе да му положат делегациите на Пендаровски, кој јавно изјави дека Гоце Делчев се декларирал за Бугарин и на Ковачевски кој одби да носи пушка на рамо тогаш кога и’ требаше на Македонија.

Нема поголемо понижување во владина делегација да ви биде Артан Груби, кој одби да му се поклони на најсветлиот лик во македонската историја и во континуитет со своето однесување, ги понижува националните празници.

Зборувајќи за европските вредности кои не ги почитува, Ковачевски ја изгуби сопствената држава во која не е способен да го одбележи денот на начин на кој што доликува.

Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons