Килограм кромид стаса до 100 денари, а толку се продаваат и јагодите
Цените на кромидот не попуштаат, а вчера на зелените пазари во Скопје 1 килограм се продаваше за 100 денари. Со исто толкава цена можеше да се купи и еден килограм од првите домашни јагоди.
Овие податоци ги потврдува и информативниот портал на Министерството за земјоделство, каде што може да се прочита дека овој зеленчук е најскап во Скопје и во Гостивар. Продавачите велат дека граѓаните треба да бидат трпеливи зашто пристигнува младиот кромид и само тој може да ја „потоне“ цената на стариот кромид.