КАТАСТРОФА ВО НАЈАВА! Се заканува најголемата криза од Втората светска војна-Европа останува без гас 

Земјите од ЕУ најавија дека нема да се согласат со барањето на Москва да го плати гасот во рубљи, а Русија вели дека нема да го дели горивото бесплатно

Ако Гаспром го намали гасот за Европа, илјадници фабрики ќе бидат затворени, а милиони ќе останат без работа и греење

Многу поскапо
Европа ќе мора да купува гас на слободниот пазар, што значи дека ќе плати многу повеќе за него

Европа наскоро би можела да остане без руски гас. Земјите од ЕУ најавија дека нема да плаќаат гас во рубљи, а Москва најави дека нема намера да го дава тоа гориво бесплатно. Ако тоа се случи, се заканува катастрофа, бидејќи илјадници фабрики низ Стариот континент ќе бидат принудени да се затворат, а милиони луѓе ќе ги загубат своите работни места и греењето.

Крајниот рок се ближи

Западните медиуми објавија дека францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот вечерта во разговор со неговиот руски колега Владимир Путин рекол дека ЕУ нема да се согласи со барањето на Москва да го плати гасот во рубљи.

– Франција е против плаќањето на рускиот гас во рубљи, како и остатокот од ЕУ. Претседателот Макрон тоа јасно му го кажа на рускиот лидер за време на разговорите – изјави за Ројтерс извор од Елисејската палата.

Кремљ потврди дека за време на разговорите меѓу Путин и Макрон се разговарало за рускиот гас, но не соопштуваат повеќе детали.

Рускиот претседател им даде рок на властите до 31 март да подготват се што е потребно за преминот кон плаќање на гас во рубљи, за да може да ги наплати непријателските земји, односно оние кои воведоа санкции кон Москва, гас во локална валута. Сепак, Кремљ вчера објави дека нема веднаш да бара од државите да ја плаќаат сметката за гас во руска валута од 1 април, туку ќе се остави простор за усогласување.

Ватикан веќе купува рубљи за да плати бензин

Ватикан има намера да го исполни барањето на Русија и купува гас во рубљи. Според италијанските медиуми, Ватиканската банка веќе и префрлила десет милиони евра на Централната банка на Русија со цел да купи рубљи.

– Се беше направено според новата шема, која ја воведе руската влада – изјави извор од Ватиканската банка.

Меѓутоа, доколку ЕУ во тој период не го промени ставот, руски „Гаспром“ едноставно ќе престане да испорачува гас за Европа. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, тоа јасно им го кажа на сите.

– Европа нема да добие гас бесплатно. Кој не плати, нема да добие бензин – рече Песков.

Бидејќи цела ЕУ е зависна од рускиот гас и увезува количества од 200 до 800 милиони долари дневно, останувањето без тој извор на енергија ќе предизвика вистинска катастрофа.

– Рускиот гас не може така лесно да се замени. Европа ќе мора да ја купи таа енергија на слободниот пазар, што значи дека ќе плати многу повеќе за тоа. Прашањето е дали има доволно гас на слободниот пазар за да ги задоволи европските потреби и потребите на другите земји, бидејќи Русија е најголемиот извозник на гас во светот. Секако, цената на таа енергија значително ќе се зголеми насекаде во светот. Во Европа, тоа би можело да биде голем проблем, бидејќи илјадници фабрики би можеле да бидат затворени и милиони луѓе би можеле да останат без работа. Европејците би можеле да останат без греење следната зима – објаснуваат аналитичарите.

Големата криза

Тие додаваат дека Русија, пак, најверојатно ќе го пренасочи гасот што го праќала во Европа во Азија.

– Тоа нема да биде голем проблем за Русија. Сепак, Европа може да се соочи со најголемата економска криза од Втората светска војна, заклучуваат експертите.

Европа плаќала од 200 до 800 милиони долари дневно за руски гас

ЕУ се подготвува за најлошото сценарио

Европската комисија вчера објави дека се подготвува за идниот развој на ситуацијата во областа на снабдувањето со гас.

– Подготвени сме за секое сценарио. Секако, тесно ќе соработуваме со земјите-членки за да бидеме сите подготвени за секоја ситуација – изјави европскиот комесар за климатска политика, Франс Тимерманс.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons