Карлеуша објави приватно видео: Стисна копче, кога десно таа, а лево покрај неа… Канје Вест!? (ФОТО+ВИДЕО)
Поп ѕвездата Јелена Карлеуша и поранешниот сопруг на Ким Кардашијан, Канје Вест, повторно се следат еден со друг на Инстаграм.
Имено, кога Канје на почетокот на март ја следеше Јелена Карлеуша на социјалните мрежи, се крена голема прашина, а пејачката беше и повеќе од импресионирана. Сепак, неговиот „unfollow“ следеше само еден месец подоцна, но сега музичките ѕвезди повторно се следат.
Судејќи по Инстаграм, поранешниот сопруг Ким Кардашијан и Јелена Карлеуша повторно се следат на популарната социјална мрежа, но не се знае кој кого повторно заследил прв.
Дали постои нешто меѓу српската и светската ѕвезда, јавноста не и е познато, но со оваа обновена интеракција, тие двајца ги подгреваат старите сомнежи.
Сепак, она што дополнително ја разбранува јавноста е најновото видео од Инстаграм профилот на Карлеуша.
Таа играше „игра“ па притисна копче и апликацијата и покажа дека личи на…Канје Вест!
Лево беше Канје Вест, додека десно од него токму таа, Јелена Карлеуша.
https://fb.watch/eE4HMHkFAJ/?fs=e&s=cl
Но вистинска лудница настана кога „белградската мала од скандала“ ја повтори играта… Не само што наместо Канје овој пат се појави ликот на неговата бивша сопруга, туку од приложеното уште и се гледа дека нејзиното лице, поточна ена половина, совршено и речиси идеално одговара на ликот на Карлеуша…
Ова српската пејачка ја шокираше, па го прокоментира со: „Што… по ѓаволите“?
Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar