КАКО НАПРЕДУВААТ УКРАИНСКИТЕ СИЛИ НА СЕВЕРОТ? Нова мапа од британските служби ја дава ситуацијата на терен (ФОТО)
Според оваа карта, практично е ослободен целиот север на земјата, вклучувајќи ја и нуклеарната централа Чернобил. Остануваат само две области долж границата со Белорусија, каде борбите сè уште траат. Мапата го забележува и огромното ослободување на територијата од Киев на исток.
Последната карта на ситуацијата во Украина, која британското Министерство за одбрана ја објавува секој ден од почетокот на конфликтот со Украина, покажува големи промени. Имено, областите околу Киев се означени како ослободени. Украинците викендов објавија и дека ослободиле големи области северно, североисточно и северозападно од Киев, пренесува Б92.
Така, на новата карта можеме да видиме дека Русите биле целосно отфрлени од Киев и неговата околина и морале да се повлечат на границата со Белорусија.
Според оваа карта, практично е ослободен целиот север на земјата, вклучувајќи ја и нуклеарната централа Чернобил. Остануваат само две области долж границата со Белорусија, каде борбите сè уште траат. Мапата го забележува и огромното ослободување на територијата од Киев на исток.
Министерството за одбрана на Велика Британија исто така спомена три клучни работи.
Првата работа е дека украинските сили повторно зазедоа клучна област во северна Украина, откако ѝ ја ускратија можноста на Русија да ги обезбеди своите цели и ги принудија руските сили да се повлечат од областа околу Чернихов и северно од Киев.
Другата работа е што борбите се на ниско ниво и веројатно ќе продолжат во некои делови од новоосвоените региони, но значително ќе бидат намалени во текот на оваа недела, кога ќе се повлечат останатите руски војници.
Третата работа која ја тврдат британските служби е дека многу руски единици кои се повлекуваат од северна Украина веројатно ќе треба да бидат обновени и повторно опремени пред да можат да бидат прераспоредени во источна Украина.