Казнети 459 возачи за брзо возење на територијата на цела држава
Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, се санкционирани 459 возачи.
Од нив, како што денеска соопштија од МВР, 80 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 205 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 254 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.