Свет

И Србија гласаше за исклучување на Русија од Советот за човекови права на ОН 

Генералното собрание на ОН гласаше за исклучување на Русија од Советот за човекови права. Извештаите за „тешки и систематски прекршувања на човековите права“ од страна на руските војници во Украина беа наведени како формални причини за протерувањето на Русија. За протерувањето гласаа 93 земји, 24 беа против, а 58 беа воздржани.

Меѓу оние што гласаа за исфрлање на Русија од Советот за човекови права беше и Србија, која досега главно се воздржуваше од потези против Кремљ.

И сите други бившојугословенски републики гласаа за исфрлање: Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора.

24 земји беа против исфрлањето на Русија од Советот на ОН. Тоа се: Алжир, Белорусија, Боливија, Бурунди, Централноафриканската Република, Кина, Конго, Куба, Северна Кореја, Еритреја, Етиопија, Габон, Иран, Казахстан, Киргистан, Лаос, Мали, Никарагва, Русија, Сирија, Таџикистан, Узбекистан, Виетнам и Зимбабве.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons