Спорт

ИХФ: РФМ казнет со 10.000 франци, се затвораат дел од трибините во Вараждин

Светската Ракометна Федерација ИХФ објави соопштение во врска со синоќешниот дуел меѓу Македонија и Холандија, изрекувајќи санкции поради инцидентите што се случија на трибините на овој натпревар.

Ракометната Федерација на Македонија е казнета парично со 10.000 швајцарски франци за овој инцидент на навивачите од нашата земја, со напомена дека следни вакви случки ќе значат и забрана за присуство на навивачи во арената во Вараждин.

Парична казна е изречена и до Хрватската Федерација за слабата организација на натпреварот. Покрај паричната санкција за организаторите, ИХФ донесе и одлука за забрана на дел од трибините, и тоа делот што се наоѓа веднаш зад клупите на двете селекции.

Покрај тоа, светската куќа на ракометот сугерира овој дел од трибините да остане затворен за сите натпревари до крајот од ова СП што ќе се играат во салата во Вараждин.

ИХФ преку соопштението се заканува и со целосно затворање на оваа арена доколку биде повторен инцидент сличен на оној на синоќешниот дуел меѓу Македонија и Холандија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons