Италијанските медиуми: Теренот во Скопје е нива за компири! (ФОТО) 

Италијанската јавност, тамошните медиуми и фудбалерите кои вечерва треба да го играат мечот се згрозени од состојбата на теренот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Една од главните теми пред почетокот на мечот меѓу Македонија и Италија е состојбата на теренот на стадионот во Скопје каде треба да се игра натпреварот.

На вчерашната прес-конференција се пожали Имобиле на теренот, рече дека ќе биде тешко да се игра по тие дупки.

Видеото кое го снимија италијанските медиуми со состојбата на теренот стана вирално на социјалните мрежи, а тие не се штедеа во критиките.

„Кошмарен терен на мечот Македонија – Италија. Тоа е нива за компири“, напиша „Кориере дело Спорт“.

с

„Македонија – Италија, теренот е катастрофа: дупки и сува трева“, стои во сторија на „Република“.

s

Ако Италија не успее да победи вечерва во Скопје, теренот сигурно ќе биде алиби. Лош терен секогаш им одговара на помалку квалитетните екипи, во случајов тоа е Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons