Актуелно

Инспекторите на УЈП осомничени дека примале поткуп од сопственикот на кочанската дискотека

Кочанскиот суд ги одби жалбите на јавното обвинителство со кои бараше куќниот притвор за осомничените инспектори на УЈП, Драган Паунов и Дуле Димитриев да го замени со ефективен затворски притвор.

„Советот од тројца судии при Основен суд Кочани, постапувајќи по изјавените жалби од страна на ОЈО Кочани против решенијата на Судија на преходна постапка со кои спрема двајца осомничени им беше определена мерка за обезбедување присуство – Куќен притвор, ги одбил изјавените жалби на ОЈО Кочани против истите и донесените решенија на Судијата на претходна постапка ги потврдил“, се вели во кусото соопштение на судот во Кочани.

Од таму не објаснуваат кои биле причините за донесената одлука, не образложија ниту зошто даночните инспектори кои го информирале сопственикот на Пулс кога ќе одат во контрола им е одреден куќен наместо ефективен притвор како што бараше обвинителство.

На одлуката за куќен притвор се жалат и осомничените, предлагаат судот да им одреди поблаги мерки за обезбедување, како редовно пријавување во судот, одземање на патните исправи.. За овие предлози на осомничените, судот дополнително ќе одлучува.

Паунов кој е брат на претседателката на кривичниот суд, Даниела Димовска и неговиот колега Димитриев, осомничени се дека како даночни инспектори редовно го информирале сопственикот на „Пулс“ кога инспекциите ќе влезат во дискотеката. Со истрагата се опфатени уште шестмина вработени во УЈП од Штип и Струмица за кои судот одреди мерки за претпазливост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons