Измени во полагањето градска 

Доколку се подготвувате да полагате возачки испит, оваа информација веројатно многу ќе ве израдува

Имено, со последните измени и дополнувања на Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити, поточно на членот 35, се предвидува скратување на времето предвидено за полагање на вториот практичен дел од возачкиот испит, односно најстресниот дел од возачкиот испит за сите кандидати – градската.

Според измените, кои неодамна беа објавени во „Службен весник“, вториот практичен дел од возачкиот испит ќе трае најмалку 15 и не повеќе од 30 минути за категориите А1, А2, А, Б, БЕ и националната категорија Ф. За категориите Ц1, Ц1Е, Ц, ЦЕ, Д1, Д1Е, Д и ДЕ, со новите измени, вториот практичен дел од возачкиот испит ќе трае најмалку 35 минути и не подолго од 60 минутиДосега вториот практичен дел од возачкиот испит траеше најмалку 25 и не повеќе од 40 минути за категориите А1, А2, А, Б, БЕ и националната категорија Ф, додека за категориите Ц1, Ц1Е, Ц, ЦЕ, Д1, Д1Е, Д и ДЕ, вториот практичен дел од возачкиот испит траеше најмалку 45 минути.  
Целиот текст е на fakulteti.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons