МакедонијаНајново

Изгоре возило на началник од Штип, се истражува дали се самозапалило или пожарот е подметнат 

Рано изутрината на паркинг на улицата Ванчо Китанов настанал пожар на возило марка ауди 5, чиј сопственик е  началникот на СВР-Штип, Боби Гидиоски.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека во населбата Сењак е опожарено едно возило, а пријавата е од граѓанин во 03:01 часот. Веднаш е повикана Територијалната Противпожарната едница-Штип, на самото место интервенирале пожарникарите и не дозволиле огнот да ги зафатат останатите паркирани возила.

Во тек е увид на местото каде што е  опожарено возилото.

Истрагата треба да открие дали станува збор за самозапалување или намерно палење на возилото на началникот на СВР-Штип, Гидиоски. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons