Изгаснати 27 пожари во изминатото деноноќие – активно гори на две места, од кои едното е во Скопје
Од Центарот за управување со кризи информираат дека во изминатото деноноќие (18/19.09.2025) до 07:00 часот, на територијата на Македонија има вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни, под контрола се два пожари, додека 27 сe изгаснати.
АКТИВНИ: 2
1. Општина Гази Баба: с.Виниче, м.в.Муратица (нискостеблеста шума);
2. Општина Гевгелија: Кожуф планина, кај с.Пeтрово (букова шума).
ПОД КОНТРОЛА: 2
1. Општина Студеничани: Депонија Дрисла (ѓубре);
2. Општина Делчево: Депонија Острец (запален отпад).
ИЗГАСНАТИ: 27
1. Општина Гази Баба: с.Трубарево (електричен отпад);
2. Општина Зелениково: с.Вражале (борови насади);
3. Општина Шуто Оризари: ул.Хаџи Јован Шишко (запалено ѓубре);
4. Општина Студеничани 1: с.Студеничани (ѓубре);
5. Општина Студеничани 2: с.Морани (грмушки, трња и ниска вегетација);
6. Општина Чучер Сандево: с.Глуво (ниска вегетација);
7. Општина Бутел 1: Љуботенски пат (грмушки и ниска вегетација);
8. Општина Бутел 2: с.Љуботен (ниска вегетација);
9. Општина Арачиново: с.Арачиново (трска);
10. Општина Илинден: с.Кадино (ниска вегетација);
11. Општина Битола: с.Лажец (стрниште);
12. Општина Крушево: Градска Депонија (отпад);
13. Општина Струмица: с.Дабиле (ниска вегетација);
14. Општина Ново Село: с.Старо Коњарево (стрниште);
15. Општина Босилово: с.Старо Балдовци (стрниште и тополи);
16. Општина Богданци: Патен правец Богданци – Гевгелија (ниска вегетација);
17. Општина Струга: с.Дoлна Белица (ниска вегетација);
18. Општина Дебар: с.Рајчица (ниска вегетација);
19. Општина Кичево: с. Другово (запалено стрниште);
20. Општина Македонски Брод: с.Ореовец (ниска вегетација);
21. Оштина Карбинци: с.Долно и Горно Трогерци (стрниште);
22. Општина Берово: нас.Абланица (грмушки и ниска вегетација);
23. Општина Кочани: Долни и Горни Подлог (стрниште);
24. Општина Пробиштип: с.Лезово, м.в.Лезовска чешма (грмушки и ниска вегетација);
25. Општина Куманово 1: нас.Пуковско (стрниште);
26. Општина Куманово 2: нас.Пуковско (стрниште);
27. Општина Липково: с.Никуштак (ниска вегетација).