„Иван Михајлов“ нема да го промени името

Културниот клуб „Иван Михаилов“ нема да го смени името“, изјави претседателот на клубот Лупчо Георгиевски во програмата „Брисел 1“ на Милена Милотинова по повод истекот на рокот за промена на имињата на бугарските клубови во Македонија. Клубот “Цар Борис Трети” веќе најави дека ќе го промени името, но од “Иван Михајлов” се противат на тоа

– Правата ќе си ги бараме на суд ако нè избришат од Централниот регистар, а ако судот во Македонија не ни ги даде правата, ќе ги бараме во Европскиот суд за човекови права во Стразбур“, вели Георгиевски.

По повод средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи оваа недела, Георгиевски изјави дека оваа прва средба е само еден чекор напред. „Во разговорот со него изјавивме дека ние не сме надворешен проблем на РМ, ние воопшто не сме проблем, туку сме решението за Република Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Властите не разговарале со нас досега. Подготвени сме да разговараме со секој што сака разговор со нас и очекуваме да не внесеме во Уставот. РМ мора да го почитува францускиот предлог на кој се согласи и потпишаниот Договор со Бугарија“, рече Георгиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons