Спорт

Ивановски по голема битка го совлада Форти и се пласираше на АТП Челинџерот во Сан Марино 

Македонскиот тенисер Калин Ивановски ќе настапи на главниот турнир во Сан Марино откако попладнево по голема битка и со пресврт го совлада Франческо Форти во второто квалификациско коло.

Калин Ивановски избори пласман на АТП Челинџерот 125 во Сан Марино, македонскиот тенисерн успешно ги мина двете квалификациски кола.

Попладнево, нашиот ас по голема битка и со пресврт го совлада Франческо Форти со 2-1 во сетови (6-7, 6-4, 6-4).

Форати првиот сет го доби во тај-брејк, но Ивановски заигра многу подобро во продолжението од мечот.

Во вториот сет, Македонецот направи бреј во деветтиот гем и на крајот рутински го приведе во своја полза со 6-4.

Во третиот решавачки сет, како клучен се покажа седмиот гем, Калин Ивановски направи брејк за предност од 4-3, беше сигурен на својот сервис, па стигна до 6-4 и настап на главниот турнир.

АТП Челинџерот во Сан Марино се игра за награден фонд од 181.250 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons