ЗОВРИВА НА КОСОВО: Владата на Косово вечерва донесе одлука која ќе ги разбесни Србите
Владата на Косово вечерва донесе одлука за забрана за влез на возила со српски регистарски таблички во Косово, соопшти владиниот портпарол Перпарим Криезиу.
Криезиу за Радио Слободна Европа изјави дека владата, по апсењето на тројца припадници на косовската полиција од страна на српските власти, одлучила да го зголеми нивото на граничната контрола.
– Од безбедносни причини институциите одлучија да го зголемат нивото на гранични контроли. Затоа како итен чекор е одлучено да се забрани влез на возила со српски регистерски таблички на Косово, а продолжува анализата на состојбата од страна на безбедносните институции. Следниве дејствија ќе бидат преземени врз основа на препораките на органите на прогонот – појасни тој.