Свет

Земјотрес од 6,4 степени во Јапонија, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди југоисточниот брег на јапонскиот остров Кјушу, а потресите беа почувствувани во неколку области, вклучително и во Осака.

Според јапонската метеоролошка агенција, земјотресот е регистриран во 21:19 часот по локално време. Епицентарот е лоциран на длабочина од 30 километри под вода.

Силните потреси што следеа беа почувствувани низ островот Кјушу, островот Шикоку и на голема површина од градот Хирошима до Осака.

Во исто време, издадено е предупредување за цунами до еден метар за источниот брег на островот Кјушу и јужниот брег на островот Шикоку. На островите Амами, Токара, Танегашима, Јакушима и неколку области на Хоншу важеше предупредување за бранови до 20 сантиметри.

Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons