Зеленски на X: „Молитвите на Украина се со семејствата на загинатите во Кочани“
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, упати сочувство преку социјалната платформа X (поранешен Twitter) за трагичниот пожар во Кочани.
Во својата објава, тој изрази длабока жал и поддршка кон семејствата на загинатите и повредените, нагласувајќи дека украинскиот народ е солидарен со македонските граѓани во овие тешки моменти.
Зеленски порача дека секој загубен живот е ненадоместлива штета и ја изрази подготвеноста на Украина да помогне ако има потреба од дополнителна поддршка или ресурси.
https://x.com/zelenskyyua/status/1901199414946890232?s=46