Зеленски: Досега се убиени околу 3.000 украински војници, загубите на руската војска се поголеми 

Од почетокот на руската инвазија на Украина, меѓу 2.500 и 3.000 украински војници се убиени, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен.

Тој доцна синоќа и се обрати на нацијата, велејќи дека е тешко да се предвиди колку долго ќе трае војната.

„Се разбира дека и јас слушам различни предвидувања. Имам многу повеќе информации за намерите и можностите на руската армија отколку некои медиуми. За потенцијалот на руската економија, но и за емоционалната состојба на руското општество“, рече тој.

Зеленски рече дека има околу 10.000 ранети украински војници. Нема податоци за бројот на цивилни жртви, изјави украинскиот претседател. Тој истакна дека загубите на руската војска се многу поголеми и дека загинале 19-20 илјади руски војници. Москва минатиот месец објави дека 1 351 руски војници биле убиени, а 3 825 биле ранети.

Зеленски ја опиша воената ситуација на југот и на истокот на земјата како „се уште многу тешка“, фалејќи ги неговите вооружени сили.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons