Зеленски: Благодарен сум на Северна Македонија што се приклучи на декларацијата на Г7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски  ѝ се заблагодари за С Македонија за приклучувањето кон декларацијата на земјите на Г7 за поддршка на безбедносните граници на Украина.

„Благодарен сум на Северна Македонија што се приклучи кон декларацијата на Г7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина. Вкупно 15 земји веќе се приклучија. Благодарност до премиерот Димитар Ковачевски за неговите лични напори за зајакнување на партнерството меѓу нашите земји“, објави Зеленски на твитер.

Земјите од Г7 на 12 јули годинава, на маргините на самитот на НАТО во Вилнус, Литванија, објавија безбедносна рамка која го отвора патот за долгорочни безбедносни гаранции за Украина со цел да ја одбрани земјата од Русија и да ја одврати од можна идна агресија.

Во декларацијата се наведува дека денеска ќе започнат преговорите со Киев за официјализирање на постојаната поддршка на членките на Г7 за Украина и дека тоа ќе вклучува поддршка за понатамошен развој на украинската одбранбена индустрија, обука на украинските сили, размена на разузнавачки информации и поддршка во одбраната на сајбер просторот.

Покрај тоа, членките на Г7 ќе работат на зајакнување на економската стабилност и отпорност на Украина, што вклучува обнова и закрепнување на земјата по агресијата. Истовремено на Украина ќе и биде овозможена техничка и финансиска поддршка за сегашните потреби, поради руската инвазија, но и ќе ѝ се овозможи да продолжи со спроведувањето на реформите.

За возврат, Украина ќе продолжи да спроведува судски, економски, безбедносни реформи, како и реформи во борбата против корупцијата, што ќе покаже дека Киев е посветен на демократијата, владеењето на правото, почитувањето на човековите права и слободата на медиумите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons