Зголемен водостојот на Дојранското и Преспанското Езеро 

Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) минимално е зголемен водостојот на Дојранското и Преспанското Езеро, а нивото на Охридското Езеро е во рамки на јануарскиот просек.

УХМР информира дека нивоата на повеќето реки во земјава се пониски од просечните за јануари. Намалено ниво на водата има на реките Сатеска кај Ботун, Црн Дрим кај Ложани, Црна Река кај Новаци, Струмица кај Ново Село, Брегалница кај Берово, Крива Рекла кај Крива Паланка, Пчиња кај Пелинце, Треска кај Македонски Брод и Вардар кај Демир Капија.

Минимално зголемување на нивото на водата е евидентирано на реките Вардар кај Јегуновце и Бабуна кај Богомила.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons