Зголемен бројот на граѓани кои се хранат во народните кујни

Секој ден околу 400 семејства дневно во Гостивар го добиваат својот дневен оброк од народна кујна. Кујната не е комерцијална, храната ја добиваат бесплатно, а за нејзино снабдување се грижат печалбарите гостиварци, но и разни фирми, кои сакаат да направат добро за оние на кои им треба оброк во текот на денот.

Николче е еден од нив кој зема храна од кујната. Тој живее сам со својата мајка која боледува од тешка болест. Бидејќи живеат без приходи, секојдневно обезбедуваат храна од оваа кујна.

Гостиварчани ја поздравуваат оваа хуманитарна иницијатива. Дури апелираат во секој град да се прават вакви кујни, за да се прехранат оние кои имаат потреба.

„Многу сум задоволен, Господ нека ги награди. Редовно добивам храна, добивам бесплатна храна веќе една година и повеќе. Тоа е многу добра работа за нас сиромашните. Помошта е добредојдена, бидејќи нашата социјална и економска состојба е лоша“, велат жителите.

„Ова е многу добро, даваат помош во храна, бидејќи има многу луѓе кои немаат ништо. Неколку пати дадовме помош кога имавме можност. Оваа работа мора да продолжи“, додава еден граѓанин.

Кујната, во Гостивар веќе неколку години работи за снабдување со храна на жителите кои имаат потреба. Што се однесува до оние кои се постари и не можат сами да дојдат, храна им се испраќа до местото каде што живеат.

alsat.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons