„За нашиот Горан“ на 9 април повторно во МНТ

Првпат на сцената се слушнаа генијалните текстови од книгата „Стапица“ на Горан Стефановски во изведба на децата-актери во режија на Весна Петрушевска

Младите глумци од актерската школа на Весна Петрушевска ја изведоа премиерата на театарската претстава „За нашиот Горан“, во нејзина режија.

Силни и искрени емоции ја преплавија големата сцена на Македонскиот народен театар додека малите деца, но големи актери, ги говореа репликите од книгата „Стапица“, одломки од „Лонг плеј“ и „Демонот од Дебар маало“ на Горан Стефановски, се вели во денешното соопштение.

Првпат на сцената се слушнаа неговите генијални текстови од книгата „Стапица“. Таа книга ги содржи сите тајни на драмскиот занает и на приодот кон создавање и градење лик. Во вистинска смисла на зборот за еден актер предизвик, за малите актери мисловен и актерски предизвик и задача. Горан е нашиот идентитет, нашиот најдобар драмски писател. Театарот немаше да биде ист ако не постоеше Горан. Децата од актерската школа лесно го разбираат и нивниот поттекст е прецизно точен. Јас сакам секое дете да знае барем по еден монолог на Горан. Така живее само онолку колку го зборуваме. Ние немаме друг Горан. Имаме само еден! Храбар, бескрајно талентиран, точен, шармантен и полн со љубов! Горан е љубов – изјави Петрушевска.

Поради големиот интерес, претставата ќе се изведе и на 9 април, во 12 часот, во Македонскиот народен театар.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons